Мирно лето

Фудбал: ОФС Прилеп

Преоден рок е веќе 40 дена во рамките на ОФС Прилеп, но околу него нема скоро никакви информации. Од Сојузот известија само за заминатите од школата Вондеркидс. Метеж во менување на клубовите се очекува во финишот на преодниот рок, во септември. Сепак, добро е што се обновуваат клубови. Тоа се трите клуба – Славеј Пелагон 1947, Напредок Крушеани и Мукос Дреновци.

Натпреварувачкиот систем останува непроменет, со две лиги – Општинска квалитетна А-лига и Општинска Б-лига на Прилеп. Неизвесно е само со колку екипи ќе бидат лигите, а тоа зависи од бројот на екипи во Регионот 4 и кои екипи од ОФС Прилеп ќе учествувааат таму.

Обновените клубови имааат сите место во Општинската Б-лига на ОФС Прилеп.

Loading