Критско венецијански шарм

Ханиа

Ханиа е еден од поубавите и поголеми градови на островот Крит. Богатата култура и разнолика природа датира со векови. Полн е со контрасти на островскиот амбиент. Од една страна планинскиот предел, од другата плажи. Меѓу нив е кривулестиот пат. Не се вози брзо, макар што најкористени возила се  моторциклите. Тие ги параат лесно кривините низ восхитувачката панорама

Воодушевува градот. Тој е пристаниште со богата историја. Главно сите патеки тргнуваа од црквата Св. Никола. Чудна е, оти појкрај неа се крнати минаре и камбанарија. Првин била католичка црква во 14 век. Отоманското царство ја претворило во џамија. Така се изградило минарето. Во храмот се чувала светата сабја на турскиот дервиш. Во 20 век станала православна црква.

Прошетката води кај ѕидините, кои го отсликуваат минатото на островот. Се забележуваат остатоци од античкиот период, од венецијанскиот. Времето не ги “изело”. Доста добро се сочувани. Крај морето се забележува светилникот од 16 век. Главен симбол е на градот. Се наредува меѓу најстарите во светот. Гордо стои на влезот на старото венецијанско пристаниште, од омилено место за прошетка на туристите. Оттука се гледа бескрајното морско синило. Своевремено е изграден долг каменест насип за заштита на бродовите од немирното море.

Околу е живо со шарени куќи и закотвени бродчиња. Идеално е за релаксација, па и за разладување и дегустација во бројните таверни и ресторани. Блиску е поморскиот музеј, кој за жал е затворен, како сите објекти од ваков карактер на Крит, чие работно време е до 15 часот.

Интересен објект на централниот плоштад е фонтаната. Од повеќе страни се спојуваат бројните кривулести и тесни улички со продавници за сувенири и таверни. Метеж е во лете во вечерните часови. Убаво е да прошетате низ Топанас и Евраики, Сплантиза,  старите делови на градот.

Носечка е улицата со продавници, сувенирници. атрактивен е покриениот пазар, Агора, граден по примерот на пазарот во Марсеј.

Неосетно минуваат часовите во Ханиа со силна импресија и восхит. По некои делови архитектурата и духот што лебди во воздухот, изглед како да не е грчки дел, туку во простор со мешавина од стилови.

Текст и фото: Каролина Мицевска

Loading