Пинг-понг
Точно една сезона одигра Гркинката Стела Цариду во редовите на прилепскиот тим Младост 96, вицешампионот на Македонија. Својот придонес го даде како 19-годишна младинска репрезентативка на Грција. За неа одбрани убави зборови има тренерот Гоце Тошески:
– Од оправдани причини таа не можеше да дојде на последниот значаен дуел со штипскиот Шампиони ФА, меч што го загубивме минимално со 4:3. Да беше со нас во Штип, ќе беше поинаку, бидејќи претходните десетина меча сите до еден ги доби. Таа е одлична пингпонгарка. Патуваше 70 километри од Лерин само да одигрува натпревари. Како перспектива, карактер, како играч и како човек, сé е супер кај неа – смета Тошески.
На 8 меча Младост 96 освои 15 бода, исто колку и шампионот Шампиони ФА, така што одлучи сет-разликата, каде само 2 сета беше во полза на штипјанките. За Младост 96 покрај Стела Цариду настапија: Васе Богоеска, Софија Хасану, Ангелина Иванова, Ива Димитриевска, Емилија Бошкоска, Фани Јованоска, Марија Волческа и Леа Глигорова,
![]()

