Две екипи и 6 поединци во Сплит

Училишен спорт

На таканаречените Плазма спортски игри во Сплит, Хрватска, наменети за учениици, учествува Македонија, а за нејзино претставување служат и спортисти од Прилеп – две екипи и 6 поединци. Се работи за мал фудбал за жени (Тигрици од ОУ “Гоце Делчев”) и во одбојка на песок (исто од ОУ “Гоце Делчев”). Во поединечните спортови се шестмина: Кристина Танеска во тенис (ОУ “Кочо Рацин”), Маја Дамеска во шах (во ОУ “Кочо Рацин”), Мартин Ристески во пинг-понг (од истото училиште), Бисера Велкоска во атлетика (од ОУ “Рампо Левката”) Лина Штаргоска во пинг-понг (ОУ “Климент Охридски”) и Илија Ѓорчески во пинг-понг од Крушево (претставник на зона Прилеп). Заедно со учениците-спортисти патуваат и нивните наставници/ментори.

Регионалната завршница од Плазма-спортските игри ќе се случи меѓу 17 и 21 август, а таму ќе се соберат ученици од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Loading