ДОБРА МУЗИКА, ПРЕПОЗНАТЛИВА СКАРА И ЛАДНО ПИВО ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Пиво фестивал 2026

Со богата музичка програма, ладно пиво, препознатливата прилепска скара и одлична атмосфера за сите посетители мина  Пиво Фестивалот 2026 што се одржи од 17 до 19 јули и привлече илјадници посетители од земјава и регионот.

И според градоначалникот Дејан Проданоски заврши уште едно успешно издание на Пиво фестивалот кој е прилепски најзначаен фестивалски настан!

– Целта беше центарот на Прилеп повторно да биде место на дружење, добра музика, препознатливата прилепска скара и позитивна атмосфера, место каде заедно ќе уживаат прилепчани и гостите од целата држава и од странство. Верувам дека во тоа успеавме. Заедно покажавме дека Прилеп е град кој знае успешно да организира големи настани и достојно да ги пречека своите гости. Искрено им благодарам на организаторите, на сите изведувачи, на ЈП, службите, институциите, на сите помагатели и општествено одговорни компании, медиумите и на секој што даде свој придонес за Пиво фестивалот да биде успешно организиран – рече градоначалникот Дејан Проданоски.

На главната сцена настапија многу музички имиња, Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга и други.

И Премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на Пиво фестивалот.

Loading