Објавен е нов јавен повик од оперативниот план за вработување наменет за општините од мерката „Општинско – корисна работа”.
– Невработените ќе бидат работно ангажирани од 9 месеци за 40 часови неделно, за што ќе добиваат надомест од 24.000 денари со вклучен данок и личен доход и осигурување – вели Марјан Ристески, заменик министер за економија.
Повикот трае до 21 август или до потполнување на планираниот опфат на лица.
Детални информации има во Центарот за вработување и на веб страната ав.гов.мк.
![]()

