АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не се може кога секој секого гледа да прелаже.

*

Секогаш има живот за оние од власта.

*

Кога живееш во мрак им се радуваш и на искрите од чакмакот.

*

Со неразбрани нема разбирање.

*

Молчењето може да биде црна дупка во душата.

*

Ако не умееш да ја употребиш власта, не ја злоупотребувај!

*

Бори се за добро кога и во зло се наоѓаш!

Д-р Хаџи-Васков

Loading