Фудбал
Во спортските клубови интересни се именувањата. Неодамна се случи обновата, реактивирањето на фудбалскиот клуб во Славеј. Може да се смета и како појава, формирање нов клуб, бидејќи и името е со додавки. Клубот се вика Фудбалски клуб “Славеј Пелагон 1947”. Интересна е и годината 1947, година со која веројатно се означува дека фудбалот во ова место е со долга традиција, па историски може да има враќање и кон оваа спомната година 1947.
За разлика од овој клуб “Славеј Пелагон 1947”, вториот нов клуб ова лето е со малку поедноставно име – Фудбалски клуб “Напредок Крушеани” од Крушеани, Засега, според службените информации од ОФС Прилеп, само овие два клуба се новоформирани (или обновени). И натаму се очекува истото да се случи во Лажани и Дреновци. Но, таму работите очигледно не се завршени, а многу скоро се очекува разврската. Што и да е направено досега, вредна би била само потврдата од ОФС Прилеп.
Првенството во Општинската Б-лига обично почнува во септември.
![]()

