Фудбал: Победа
Секој третолигаш е клуб од низок ранг и за него не би требало да има голем интерес. Исклучок е Победа. Ова име не е како сите другите клубови. Значајно е за многу прилепчани (и не само прилепчани), па се интересираат што се случува во овој клуб и сега, кога е во третолигашки ранг, во Централниот фудбалски регион 4. За разлика од некогаш, кога многу новости излегуваа од клубот секој ден, сега информациите се сведени на нула. Секој ден се поставува прашањето: Што се случува? Одговор нема. Дали ова молчење значи дека ќе се формира нов клуб, како што тоа се случи во 2010 година, кога се формира клубот Викторија јуниор, всушност сегашнава Победа АД. Никој ништо ниту потврдува, ниту негира. Можеби има и трета опција.
А што и да се случи во врска со Победа треба што побргу, бидејќи преодниот рок е во тек и завршува на 6 септември, а и третолигашкото првенство обично почнувва во првата половина на септември.
![]()

