Измамник олеснил прилепчанка за 700 илјади денари, откако жената била доведена во заблуда дека дава пари и помага да се излечи болно дете. Во февруари, измамената комуницирала преку социјалните мрежи со лицето, кое побарало пари за лекување на неговото болно дете. Жената поверувала во приказната и во неколку наврати му исплатила околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека била измамена и го пријавила случајот во ОВР Прилеп.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
![]()

