Прилеп почнува со Куманово

Ракомет

Прилепскиот ракомет, особено машкиот, успева да се одржи на високо ниво, така што со интерес кај јавноста е претстојната сезона, во која екипата Прилеп има за цел да се пласира меѓу шесте најдобри во државата, во Плејофот. Затоа важен е распоредот на натпреварите, редоследот на ривалите. Првенството почнува на 5 септември, кога екипата Прилеп дома игра против Куманово. Потсетуваме, Прилеп претходната сезона беше прв со 40 бода во Плејаут-групата, а во истата конкуренција Куманово со 21 бод беше на 4. место. Натамошниот редослед е следниот: гостување на Младост во Богданци, дома со кавадаречки Тиквеш, гостување во Охрид, дома со непознат противник, на гости кај Бутел во Скопје, дома со битолски Еурофарм Пелистер, дома со скопски Вардар, на гости кај Алкалоид во Скопје, дома со скопски Мулти есенс, на гости кај Еурофарм Пелистер 2 во Битола, па потоа е вториот круг.

Мечот со “непознат противник” е поради откажувањето на скопски Пролет, тим на чие место ќе има друг тим, чие име ќе биде објавено деновиве.

Loading