Пинг-понг
Прилепскиот пинг-понг долго време одржува високо ниво. Така, чести се настапите и на меѓународната сцена. Пример е младиот 15-годишен Мартин Ристески, кој е во Гондомар, Португалија, на Европското првенство за пинг-понгари до 15 години. Ја претставува Македонија и клубовите Полиоспорт од Прилеп и Студент од Скопје. Европскот трае до 19 јули, а таму во категоријата до 19 години е и 18-годишната крушевчанка Софија Хасану, членка на клубот Младост 96 од Прилеп. Двајцата се поврзани со прилепските клубови, а двајца значи половина од четирите македонските претставници, бидејќи таму се уште Бојана Јовевска од клубот Берово и Александар Јакимовски од клубот Крива Паланка.
А потоа нема време за многу одмор. Особено Ристески. Бидејќи е најдобар во Македонија, победник на Плазма-спортските игри во Скопје, го очекува настап и во завршницата со учество на 5 држави (Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина). Оваа завршница ќе се одржи од 17 до 22 август, во Сплит, Хрватска.
![]()

