Пивски рај без крај

До недела се слави слатко горчливата пена

Прилеп веќе се тресе од “пивска треска”. Славата на пивото годинава ќе трае три дена. Љубителите на слатко горчливата пена не одолеваат на предизвикот, и веќе ги креваат криглите, замезени со вкусна скара, подготвена од прилепските славни мајстори. За празникот на пивото, градот е “заразен”. Дише во ритамот на пивото и скарата. “Жедта” од петочното пладне се гасне со изѕемнато пиво на десетината штандови низ центарот. Организаторите најавија изненадувања.

Тутунарите ја оставија бербата на листовите и се преместија на масите со пивото, а туристите од земјава и светот, особено сонародниците од странство, совреме го окупираа градот, да вкусат од атмосферата, да го разладат грлото од пеколното сонце. Нашинци од странство од целата земја се преселија во Прилеп за Пивофест. Локалните власти очекуваат и организирани групи.

Прилеп три дена е престолнина на пивото во очекување илјадници посетители и мераклии на слаткогорчливата пена. ќе се пие и пее до мугрите. Сместувачките објекти се полни.

– Три-четири дена ќе бидеме на течна храна на пеколното време, оти  пивото е мелем за душата и лек. Нели во пивото доминираат б-витамините. Порано заземаме “позиција” пред вечерашниот метеж. Погоден ни е муабетот и пивото се лизга со кебапчињата за мезе – мајтапџиски објаснуваат дел од прилепчани веќе запоседнати на масите на спремните пиварници.

Loading