Фељтон: Томе Велјановски
Пролетта е дојдена, ние овчарчињата не остававме да не набериме коприви, омилено пролетно јадење, приготвено на бел ориз за велигденските пости. Тогаш има календарски три поголеми празници кои се посетени од нашите верници во црквата со примесени работи. Се оди на гробовите со кошницата со примесените работи, се палат и свеќи, тоа се Маченици, Цветници и Благовештение – Благовец.
Нешто за празникот Маченици, 40 наречени битолски. Овој празник не е религиозен, туку трагичен настан. Народот го присвоил како празник и е внесен во црквениот календар.
Со доаѓањето на Турците на Балканот и заземањето на Битола, некаде во 1385 година, во еден манастир на север од Битола, денес над Бајро, затекнале 39 монаси, црквени лица, оддадени на монашкиот живот. Турските освојувачи, на монасите им понудиле да се исламизира. Во спротивно, ќе ги убијат. Овие 39 монаси – попови го одбиле и сите биле убиени. Еден турски достојник рекол деа е гревота да се убиваат невини луѓе. Неговите другари го обвиниле и го убиле. Со него биле 40 или турски преведено, крк кардаш. Овој црковен простор се наоѓа, северно од Битола. Денес се собира многу народ во чест на тие 40-те жртви маченици битолски. Раскажал Атанасов Стојче Танески (1868 – 1957) во далечната 1954 година во местото Николев Кладенец, на нас воловарчињата во летото.
Дојде и денот Велигден, голем христијански празник, весел ден за живите, старо и младо се има по нешто обновено за носење, постот заврши. Народо повеќето се кај црквата, за вера и исповед, младите се натпреваруваат, надмудруваат во натпревар со кршење на велигденски бојадисани јајца, возрасните поседнати н атрпезите. Фрлено по некое чаше ракија, отворени за секаков разговор од минатото.
На деновите велигденски, во секое домаќинство има богато јадење, мрсно, претежно јагнешко, било да е варено или печено. На сред селото, тропна тапано од Спасе и писна кларинецо Ц од Симон, з акратко време средселото од народ. На двата велигденски денови народот е на сред селото. За тертиот велигденски ден, многумина заминуват по гости по селото каде денот Велигден му е селска слава, со тоа собирот во нашето сред село беше намален. Овде ќе ги забележиме сите села во наша можност до каде оделе марулци на гости.
Во битолско поле, по азбучен ред: Б. Алинци, Агларци Долно, Будаково, Дедебалци, Долбеговци, Маково, Орле и Оризари Горно.
Прилепски села, по азбучен ред: Алинци, Беровци, Волкосело, Ерековци, Лагово и Чумово.
Крвта вода не се прави, стара поговорка. Овде има еден настан помеѓу селата Марул и Горно Оризари кои се во растојание повеќе од 30 километри, но контактот не го изгубиле, не се одродиле. Како прв прадедо од денешниве Таневци во Марул, бил Боше. Боше имал два сина, Велјан и Тане, кој бил постар не се знае. Велјан се оженил за невеста со име непознато. Неговата невеста тргнала платеното оро да го води со едно јаболко од страна на нејзинот момче Велјан.
Во тогашно време, така било, женскиот пол одделно играле од машкиот пол. Некој си Турчин, името моментално му е заборавено, знам да е забележано во списоците, авантурист, силеџија од племето Јуруците, од денешно Канатларци, мислејќи да е господин на сред селото , с ефатил да игра до невестата на Велјан, тогаш Бошеви. Велјан, ни а, ни б, го извадил ножот, кама о дпојасот, директно му го зарил во стомакот на Турчинот силеџија и го растурил силеџијата кој умрел на сред селото каде настанало хаос. Велјан ја зел жената и заминал во непознат правец.
Се собрале турските бегови од Марул, повикале дел од власта, соопштиле и во Канатларци за настанот поради убиецот не е фатен, потврдиле да силеџијата направил голема грешка, се фатил за да игра оро до женски пол, исто така било грев и кај Курано. Велјан со невестата исчезнале, со децении немале никаков контакт со никого во Марул воопшто, како в земи да се скриле. Велјан и невестата му, илегално се засолнале во населбата Горно Оризари, близу до градот Битола.
Неговите најблиски, од жал за неговото исчезнување, брат му Тане, едно од неговите три деца, го крстиле Велјан. Таневи деца се: Боше, Велјан и Наумче. Со времето, стапиле во контакт таен и се посетувале. Но, поради Велјан убил човек од племето Јуруци, Велјан добил прекар Јуруко – Јуруковци. Танески Атанасов Стојче (1868 – 1957), Танески Бошев Атанас (1840 – 1917), Бошески Танев Боше (1810 – 1876), Бошев Тане некаде 1780 – 90, додека Танев Наумче бил роден 1798 – 1899, умрел, престарт човек. Раскажал лукавиот Стојче Танески во 1954 во Николев Кладенец.
Раскажале Танески потомци: Атанасоски Ристев Јован Танески (1926 – 2014), Ристески Крстев Тоде Танески (1934 – 2013).
Стојче беше лукав човек затова треба да му се верува тоа што го кажува. Во 1914 година бил во Генерал штабот на српската армија во Белград барајќи помош д асе пронајди неговиот син Сребре кој загинал на планината Цер при судиро на српската и австроунгарската војска, трагично умрел, робијаш српски, заробеник во Добој.
Неговиот втор син Мице и Трајан внукот од брат му Ризо родени 1895 година не биле ниту кај Србите, ниту кај Бугарите 1915 – 1918 година, дваесет годишни момчиња, си ја чувале целокупната домашна стока, ови, кози, крупна стока, свињи и перјова живина во с. Десово, прилепско. Како Србите, исто така и Бугарите под камен и дрво барале војници за на Фронто, нив не гин ашле. Стојче одгледува три внуци сирачиња од сестри му Доста и Неда и две од ќерка му Петра.
Таневци на чело со Стојче, после војната 1915 – 1918 се враќаат во Марул со 200 овци, 200 кози, повеќе перјова живина, крупна стока, свињи во испустеното од војната село Марул. Тоа за малите деца кај Таневци било зоолошка градина. Танеските овчари и козари еднаш неделно со котлите полни млеко врвеле по куќи, оставале млеко како хуманитарна помош. Исто така, за двете години 1918 и 1919 колеле угоени свињи и му подарувале на секое домаќинство бесплатно месо. Така било додека селото да закрепни.
Во 1925 година Таневци Стојчевци први купиле плуг за орање и бил изложен во Марул на сред селото за да го видат луѓето. Истоа така, прилепжани во чест на селската слава Мала Богородица во 1925 година во марул подариле две катари со гугутки поради од војната биле поништени. Таневци Стојчевци први купиле веалка за плева.
Продолжува
![]()

