Општинскиот штаб за заштита и спасување, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори, актуелни во овој период од годината и кои можат да предизвикаат големи материјални штети апелира граѓаните да се придржуваат на превентивните мерки за заштита од пожарии.
Со прогласувањето на кризна состојба за појава на пожари на отворен простор од Владата забрането е движење и престој во шумите на лица без претходно дозвола од ЈП Национални Шуми подружница Црн Бор Прилеп.

Забрането е палење на стрништа, плевели и други отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште, пасишта и на земјоделски површини односно палењето на отворен оган низ полето во шумата,шумските комплески и нивна непосредна близина. Против сторителите на прекршоци ќе бидат превземени санкции според законот за регулација на оваа проблематиката.
Целата земјоделска механизација и транспортни средства во жетвата да бидат во олна технички исправна состојба, особено комбањите да бидат опремени со противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари и тоа: противпожарен апарат со сув прашак од 6 или 9 килограми, пумпа за вода-брентача, две туби со вода од по 25 литри, казма лопата и вреќа со песок. Поправката на комбањите и механизација да се врши на зелени и изорани површини, а не на парцелите со житни култури.
Не е дозволено пушење цигари на комбањот или механизацијата и транспортни средства на парцелите со житни култури. Најстрого е збрането палењето на стрништа по завршувањето на жетвата.
Сопствениците на викенд куќи низ полето да преземат превентивни мерки, да направат заштитни појаси и да го отстранат вегетацискиот горлив материјал. Да се внимава при користењето на кибрит, запалка, пушење и фрлањето на неизгасните отпушоци и догорчиња. Да се внимава на детската игра со кибрит, запалка и други предмети кои предизвикуваат отворен пламен.
При годишните одмори на подолг временски период, граѓаните да ги исклучуваат електричните апарати и уреди од електричната инсталација. Нужно е предупредување на оние намерниците за палење на оган на отворено поради опасностите од пожар затоа што во 99 отсто од причината е човековото невнимание и негрижа.
Граѓаните кога ќе забележат опасност од пожар или пожар, должни се да ја отстрани опасноста, да го изгасне пожарот, ако можно без опасност за себе и за друго лице. Доколу граѓанините не можатае сами, должни се да ја извести противпожарната единица, полицијата или центарот за управување со кризи на телефонските броеви, 193, 192, 195
Огнот е добар слуга, но лош господар. Затоа нашето внимание и противпожарна култура низ полето, во шумите, излетничките места, нашите домови и работните места ќе придонесе да се заштитиме од пожари.
![]()

