На дланка 350 документи

Во одделението за локални даноци

Во локалното даночно одделение се отвори центар за услуги. На еден шалтер може да се добијат сите услуги поудени од порталот услуги.гов.мк. Повеќе не е нужно граѓаните да шетаат од институција во институција за да извадат некој документ, туку тоа е мозно на едно место. Набарани се изводите од матичната книга на родени, венчани и починати лица, уверението за државјанство, потврди за неосудуван и други.

– Овозможен е простор во едношалтерскиот систем и се заокружи пристапот само преку една врата да се дојде до повеќе документи кои ги издаваат и локалните и централните власти – рече градоначалникот Дејан Проданоски.

– Прилеп е ставен на мапата на процесот на дигитализација со достапност на над 350 услуги за граѓаните, особено за граѓаните кои не знаат да ги користат преку порталот. Тие можат да дојдат во центарот за услуги и вработените ќе им помогнат да си ја завршат работата – вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Досега вакви центри се отворени во 16 градови.

Loading