Херсонисос
Херсонисос е динамично туристичко место во сверниот дел на Крит, идеално за комбинација од одмор, плажа и богат ноќен живот. Доста популарно е особено кај младите, но и за повозрасните. Се наоѓа на 30 км од главниот град Ираклион. Има многу хотели долж морето, од луксузни до оние за секој џеб, идеални за уживање, одмор и релаксација.
Иако дел карпести, плажите се убави, чисти, со проѕирна сина боја на морето. Во дел од ресортите, кои ги закупуваат просторите пред плажите има лежалки, чадори. Но, има оставено простор самостојно да се организира и да се постави чадор и да уживаш во убавото море, сонцето и да впива витамин Д, додека трае воодушевувањето во синилото.




Ноќе Херсонисос е прекрасен. Темнината ја поразува осветлувањето, амбиентот со привлечни таверни, ресорти полни со забава. Ноќните клубови приредуваат програми со танци. Така може да се организира забава со старт од 50 евра, нагоре.
Централниот дел на Хероснисос е уреден со продавници и сувенирници, низ целата главна улица. Во вечерните часови е многи живо, динамично и пријатно за прошетка. При тоа се се откриваат убавините како аквариумот, старото римско пристаниште, римскиот амфитеатар, етнографскиот музеј Ликоностасис на отворено со критска архитектура, ветерниците, автентични преси за производство на маслиново масло, за производство на вино и локалните ракотворби, кои ја отсликуваат критската историја.
Остава впечаток и прошетате и низ селцата на височинката. Таму сместувањето е помирно. На Херсонисос, Пископиано и Коутоулоуфари на секој чекор пречекуваат стари камени куќи, видливи за различниот начин на живот од одморалиштата долу. Преполни се со таверни, па престојот, особено во вечерните часови е доживување.
Пожелно е да се престојува најмалку осум дена за за да се почувствува островскиот амбиен полн со историја и природни дарови. За откривање останатите таинствени делови на островот, има добро конекции сосите поголеми градови. Може да закупите и рент а кар и мал моторцикл за самостојно откривање на мисичниот Крит.
Пожелно е финалето од престојот да се направи на трпеза со традиционална подготовка на јагнешко и јарешко месо, како и на разни видови на риби и морски плодови.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

