Даниел Мелвил Македонска рапсодија 128

Страшо запре за миг и ја погледна девојката. Таа не ја разбираше намерата да í каже и да и објасни. Подбивната насмевка уште í танцуваше на јасно нацртаните сензуални усни.

– Да сум ви татко…, почна Страшо.

– Што ќе ми направевте?, го праша, акцентирајќи ја уште повеќе насмевката.

– Ќе ви удрев добар ќотек.

– Ама не ми сте ми татко – му се исклешти девојката.

Страшо ја фати и со тешката рака почна да ја удира по оној дел од телото на којшто обично луѓето седнуваат. Изненадена, падна на отоманот. О чите í се замаглија од солзи. Не викаше и не се бранеше. Страшо почна да ја соблекува. Таа дозволуваше тоа да и го прави без глас, без никакво движење или збор на одбрана или протест. Пред голото тело, мажот во секунда-две, осети како здивот му секна, опијанет, хипнотизиран од младото и преубаво тело. Му се стори дека ќе падне во несвест.

Подоцна девојката си отиде, држејќи ги околу своето тело алиштата, зашто беа скинати на места од нетрпеливите раце на Страшо. За малку ќе í паднеа наземи. Тој почна да средува да не забележат децата кога ќе се вратат дома. Со ножица пресече едно парче од ткаенината на отоманот на кое скинатиот химен од девојката пролеа неколку капки крв. Ќе му рече на работодателот – станодател дека го изгорел со цигара и ќе му предложи да ја плати штетата, бидејќи поголемиот дел од мебелот беа сопственост на стопанот. Работејќи на тоа, Страшо ментално се удираше со тупаница по главата велејќи си: “Само да знаев дека била девица, немаше да и се качам! Ама, кој можел да знае по нејзиното однесување! Мислев дека е ороспија која почнала да оди со мажи уште на 10-12 годишна возраст. Стана што стана, нема враќање назад, после вакво нешто каењето не служи за ништо!”.

Девојката почна редовно да иди кога беше сам дома. Се криеа од сите. Ставот спрема децата се смени. Стана пријателски, близок, другарски. Дури и се смени и изразот на очите. Сега во нив блескаше нешто топло, човечко, благородно. Страшо ја набљудуваше легната на канапето, покриена со пот од глава до петици, олабавена, како во несвест. Долго остануваше без глас и без движење убавата русокоса ќерка на милионерот. Кога í кажа дека дал отказ на татко í и со децата ќе се вратат во Македонија, таа ништо не му одговори, како да онеме. Потоа се расплака. Нее плачеше, туку рикаше, толку што Страшо се исплаши некој да не ја слушне. За среќа огромната бујна градина околу куќичката беше пуста. Персоналот беше окупиран на друго место во вилата. Размислуваше. Можно ли е да се заљубила во мене? Глупости! Имам над 50 години, а таа одвај 19! Би требало да се засрамам од децата и од себе си. Да, ама чудни се патиштата на љубовта и не може да се командува со човечкото срце…

Во неа гледаше нешто што порано беше скриено, доброто што секој човек во себе го носи и коешто ќе се развие повеќе или помалку, или нема да се развие, во зависност од различни објективни и субјетивни елементи и фактори. Зависи од друштвото, од фамилијата, од средината во која човек се движи, еволуира… Всушност таа е пленик затворен во златен кавез, мислеше Страшо.

Очите полека му го напуштија минатото, се вратија од далечината и тој се загледа во водата што минеше вдолж бродот што ги носеше децата и него кон родната земја. Долго се заслуша во рамномерното бучење на моторите од бродот, скриени длабоко во внатрешност. Му се стори дека го слуша плачењето и смеењето на девојката. Господи, тој, стар волк, кој имал работа со секакви луѓе, со чесни, со гангстери, со богати, со сиромаси, со учени, со неучени… дали сега ете се фатил во волчја стапица, дали се заљубил во русокосата самовила како некој пубертетлија кој уште не знае што е љубов и што се живот и жена? Уште таа неволја ми требаше, уште тоа ми беше кусо!

Лиле и Бисерка веќе спиеа во кабината. Васил тивко излезе на палубата. Се доближи до татка си и се загледа во него. Очите од татко му беа вперени во океанот, во ноќта темна и бескрајна како човечката душа, како психата човекова.

– Татко!, тивко го викна Васил.

– Да, синко?

Страшо се загледа во високото физички многу развиено, јако момче за кое милуваше да раскажува на познати. Се гордееше со синот. Тешко беше да се изгледаат трите деца додека беа малечки. Сам, и татко и мајка. Тоа беше војната на Страхил Дојчинов, војна што тој ја доби, победи. Сега трите некогашни “бебиња” се две красни чупи и овој силен и умен момчак!

– Татко, – почна нерешително Васил, – татко, тешко ти е без неа?

(продолжува)

Loading