Осуда на палењето на градското знаме

Градоначалникот Дејан Проданоски со соопштение го осуди вандалскиот чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, изразувајќи благодарност до припадниците на МВР за брзата реакција. Проданоски упати апел до сограѓаните со поединечните неодговорни постапки да не го нарушуваат мирот, почитта и достоинството на прилепчани.

– Со жалење и загриженост го осудувам вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп. Знамето на Општината е симбол на градот, на неговата историја, достоинство и на сите граѓани на Прилеп. Секој напад врз овие симболи е напад врз вредностите што нé обединуваат како заедница, особено кога таквиот чин е дело на странски државјанин, кој е должен да ги почитува законите, симболите и достоинството во средината во која престојува. Изразувам благодарност до МВР за брзата и ефикасна реакција, со која сторителот беше приведен – соопшти Проданоски.

Тој апелира да продолжи чувањето и почитувањето на симболите на градот, без да се дозволат поединечни неодговорни постапки за нарушување нат мирот, меѓусебната почит и достоинството на граѓаните. Прилеп останува да биде град на достоинствени, чесни и одговорни луѓе, кои знаат да ги штитат своите вредности.

Loading