Важни одлуки

Фудбал: Трета лига

Лето е, ама во фудбалот нема место за апсолутен одмор. Прилеп е одреден за седиште на третолигашкиот Регион 4 (каде потенцијални учесници се екс-второлигашите Победа и Големо Коњари), така што добро е што информации во врска со ова третолигашко ниво ќе има од канцеларијата во којашто е сместено раководството од ОФС (Општинскиот фудбалски сојуз) Прилеп. Во текот на иднава седмица, од понеделник па натаму, се очекува состанок на новиот Управен одбор од Централниот фудбалски регион 4. На тој состанок најверојатно ќе бидат донесени неколку важни одлуки – за датумот на стартување на првенството, за бројот екипи што ќе учествуваат и кои ќе бидат тие екипи во тој Регион 4.

Претходно третолигашкото ниво го застапуваше Третата лига – Југ, со седиште во Кавадарци, минатава сезона 2025/26 со учество на 14 екипи, а со старт на 14 септември.

Loading