Фудбал: Победа
Можеби никогаш нешто слично не се случувало во Прилеп – за ФК Победа никој ништо да не кажува, никаква официјална информација, ништо официјално во врска со она што го бара јавноста. Што се чека, зошто толку долго се чека? Прашањата од јавноста се едноставни: Што ќе биде со клубот ФК Победа? Што ќе биде со клубот којшто отпадна од Втората лига и местото му е во третолигашкиот Централен регион 4? Што ќе биде со овој клуб, со тренерскиот и играчкиот кадар? Што да им се каже на сите фудбалери коишто играле во клубови од други градови и имале желба сега да се вратат во оваа Победа? Досега требаше овие прашања да бидат одговорени. Требаше да се знае дали ќе постои досегашниот клуб и покрај долговите или ќе се формира нов клуб, без долгови.
Ако воопшто постои активен клуб со името Победа, нека се излезе пред јавноста со информации (за играчкиот кадар, тренерскиот состав, раководните луѓе…), ама што побргу, оти досега премногу време се изгуби.
![]()

