ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (343) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со подигнувањето на Алејата на непобедените борци и херои во Прилеп и внесувањето на моштите во костурницата во 1961 година, истото беше и Новачески Велјан. Неговата мермерна статуа запишана со дата 26 септември 1944 година. Но, во неговата плоча – костурница, презимето му е погрешно, место да биди Новачески е запишано Нечески. Дедо му на Велјан е Гулабоски Трајчев Новаче (1844 – 1905). Жена му Ртовска Малинка од с. Ношпал, деца запишани по азбучен ред Виша, Димитрија Митра, Пауна, Трена.

Гулабоски Димитрија, таткото на Велјан е женет за Јанкулоска Петра од с. Подмол, деца Јован 1903, Божин 1905, Невена 1913, Таса 1915, Велјан 1923.

Бистата мермерна со податоците за Велјан е донесена во Марул кај гробиштата, на никој не му дојде на умот да ја исправи и закопа. Мене ми дојде на памет, еден ден ја зедов лопатата, отидов да ја исправам и закопам статуата, беше преполовена на два дела. Ја составив положена на земја. Жалосно, има надлежни органи за таа работа, само имено.

Во далечната година од минатиот век 1963, дато не е забележано, во местото Орев, тогашните овчари војници во 10-тата македонска воена бригада, марулците Павлески Трајанов Игне Јоноски и Ристески Стојанов Блаже Танески во нивниот меѓусебен разговор за војната велеа откако бригадите од с. Дуње заминале, секоја по својот распоред. Почнало да се шушка да треба дел од бригадите да одат во западниот дел во Македонија за да ги совладат балистичките банди на Хасо Џемо од Симница, Мефаил, Амет Ѕога и др. кои се ослабени после капитулацијата на Мусолини во Италија. Но, поддржани и вооружени од Германија.

Како што кажавме, марулецоw Мојсоски Ќире Колески тогашен партизански војник во Третата македонска воена бригада била вратена од Тиквешко назад за потреба за да ги држи под контрола местата и борба да води од над Прилеп преку Бабуна, Азот па сé до Порече каде крстосувале повеќе чети под команда на Војо Трбиќ. Ќире често пати велеше, не беше лесно самиот македонски народ во себе гледаше непријател во себе од туѓи политички пропаганди. Додека Третата бригада останала чувар на ова поднебје, Втората македонска воена бригада по распоред и вратена од Тиквешко за да оди во Западна Македонија да се бори против балистите кои правеле неподносливи злосторства над мирното цивилно население. Поготово реално било загрозено кичевско каде бил под контрола на Хаса Џемо од с. Симица.

Штотуки Втората бригада наближала кај Зајас и од ненадеш бил отворен митралески рафал од сите страни од страна на балистичките заседи, бригадата одненадеш заокружена од сите страни давала силен морален отпор. Балистите биле многу бројни, обединети сите нивни групи. Се отворила страшна битка. Македонските воени бригаде, третата, шестате и десеттата, тргнале во помош за да и дадат на Втората бригада. Штотуку дошла бригадата велешко, кај с. Степанци, едно војниче од мариоскиот крај со име и презиме тајно сочувано, се откажало да оди во борба оти било за Крало.

Политичкиот комесар на бригадата го советувал да ние Македонците немаме свој крал сега, се бориме да имаме своја држава, после тоа народо ќе одлучи што ќе имаме. Војникот не сакал да попушти од неговата идеа. Комесарот го фатил за рака и во шумата се слушнале истрели. Комесарот се вратил кај бригадата без војникот, викнал, војско тргнувајте ако можиме нешто да спасиме од нашите браќа. Во такви прилики така се суди и страв се внесува кај другите. Втората бригада се укопала и херојски давала отпор, се бранела. Стигнале другите бригади напомош и ги разбиле балистите. Но, Втората бригада настрадала со повеќе жртви. Тука, биле убиени трите марулски добици, коњите мурџескиот павлескиот и колеското магаре. Додека, коњот велјаноски товарен стоел со една задна скршена нога. Марулските војници, присутни на ова крвава битка ги познале своите добици. Велјаноски Благоја, Мојсоски Ќире, Павлески Игне и Митрески Мите. Небаре, за ова борба автоматски стигнала телеграма од Маршалот Тито во кое дал предупредување, забранета била крвна освета. Многумина исто мисленици од партизаните тврделе, обратно.

Поради Втората македонска народноослободителна бригада е основана во с. Фуштани на 20 декември 1943 година, надвор од границата на стара Југославија и Вардарската Македонија, не можи да биди внесена во југословенската историја и затоа е предадена на албанските балисти од страна на Светозар Вукмановиќ Темпо. Имало и негови истомисленици во македонските воени редови.

Откако биле совладани балистичките групи и протерани од местото во околината на Зајас, партизанските бригади извршиле рација во околните села. Многу народ, без разлика на годишна возраст ги притвориле во кичевскиот затвор за чешлање односно за испитување, откривање на учесници за масакрот над Втората македонска воена бригада. Како што кажуваат тогашните војници од Марул и од околните наши села, затворените луѓе внатре во затворот, се обвинувале меѓу себе и со забите, месо си кинеле. За активни и пасивни, во масакрот, сигурно се знаеле меѓусебно. Со самото испитување од страна на воените испитувања, необвинетите иследниците го пуштале да си одат дома. Обвинетите ги чека воена пресуда.

Една ноќ, стражар на затворот бил марулски војник, со анонимно име и презиме. Над надворешната страна од затворската врата, имало монтирано дрвено сурме. Во полуноќното време, електричната ламба и сурмето ги отстраниле од функција. Се почекало време во 1 саато, првиот бегунец затвореник, ја отворил врата, се залетал да бега, не застанал при повико на стеражаро. Стражаро го убива.

Се појавува втор затвореник, на повико од стражарот не застанува, стражарот чкрапнал на обарачо од пушката, заглавила, затворенико избегува. Се појавува трет затвореник, чкрапнува на обарачо, го убива затвореникот, се појавува четврт затвореник. Стражарот тргнал за да го убија, пушката заглавила. Стражарот почнал гласно да вика за помош, уплашен со страотен глас. Во тој паничен случај, стражарот отепал четири затвореници. Слушнале војниците кои спиеле над затворот и нарипале и направиле блокада на затворската врата. Стражарот убил четири затвореници, два тука на лице место, два погодени паднале долу во бавчите.

Вишите воено командни лица го обвиниле стражаро за небудност. Војниците, неговите другари направиле узбуна во негова одбрана. Ја провериле пушката и муницијата, пушката била италијанско производство, додека муницијата бугарско производство и со тоа се смирил хаосот од одговорност.

Осудените Албанци, судско потврдени како терористи при нападот во Зајас на Втората македонска ослободителна бригада биле од затворот регрутовани заедно со македонските војници од Калето во составот на 15 – тиот корпус и со воз, испратени на Сремскиот фронт за да се борат против Германците и нивните присталици во почетокот на 1945 година.

Како што кажуваше марулецот Јованоски Јованов Алексо (1921 – 2007), учесник на Сремскиот фронт како војник во македонската дивизија, ранет на повеќе места кај Врполе. Сремскиот фронт за македонските војници исто како во Првата светска војна, како војниците во Африка само напред враќање нема, сигурност го чека неизвесната смрт.

Овој запишан материјал овде не е измилен, туку раскажуван со факти од марулските војници од времето од Втората светска војна при разни средби на состаноци на средселото, на гостински средби, при црквени средби и други средби. Подобро нека биди запишано, него со времето да исчезни.      

wПродолжува     

Loading