Фудбал: Турнир
Прилеп и натаму е домаќин на меѓународни спортски собири. Таков е Меѓународниот фудбалски турнир “Прилеп куп 2026”, чие петто издание е закажано за првата половина од претстојниот август. Се однесува на шест возрасни категории – млади фудбалери родени 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година. Организатори се Фудбалската школа “Тони” (Фудбалски клуб “Прилеп”) и Општина Прилеп. Како и секоја година, се очекува гостување на екипи од Балканот – Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Хрватска… За најдобрите екипи и поединци ќе има награди – пехари, медали и пакети производи.
Неизвесност е се уште кој терен ќе биде одреден за одигрување на мечевите – дали од Градскиот стадион или тој што е кај Могилата.
![]()

