ЈКП Комуналец
Покрај постојните 44 локации, Пакомак и ЈКП Комуналец поставија дополнителни иглу контејнери на 10 локации за селектирање на стаклена амбалажа.
– Стаклената амбалажа не смее повеќе да се одлага со останатиот отпад. Во градов сега има 54 локации, или речиси на секоја фреквентна улица може да се одложи овој неразградлив отпад и по милион години, доколку се најде исфрлен на депонија, или во природата. Собирајте ја стаклената амбалажа и доколку локацијата е малку подалеку од твојот дом и работните простории, одложувајте ја еднаш во месецот. Ова не е тешка задача, доколку сме свесни од последиците доколку стаклената амбалажа ја претвориме во отпад, наместо во следен корисен производ. Стаклото, всушност започнува како песок? Природен материјал што преку одредени процеси станува дел од нашиот секојдневен живот, а потоа станува корисен отпад – вели м-р Лилјана Пурдеска Силјаноска, помошник на директорот за односи со јавноста при ЈКП Комуналец.
Од Комуналец апелираат до угостителските објекти, стаклената амбалажа задолжително да ја одлагаат во иглу контејнерите, или Хорека системот познат на угостителите. Стаклената амбалажа повеќе не смее да завршува на депонија или исфрлена во природа.

Селектирај стаклени шишиња и тегли
Во контејнерите на улиците: Кеј 1 мај, 11 Октомври, 11 Октомври 2, Македонска народна ударна бригада, Кеј 9-ти септември, Р- 1702, Ѓоре Ѓорески, Индустриска, Индустриска 2, Јоска Јорданоски кај бр. 47, Мирче Ацев кај бр. 148, Орце Николов, Гоце Делчев 1, Гоце Делчев 2, Александар Македонски 1, Александар Македонски 2, Бидимаж 1, Бидимаж 2, Бидимаж 3, Браќа Бешироски, Браќа Миладиновци 1, Браќа Миладиновци 2, Васко Карангелески, Гога Јанкулоски, Гога Ацев, Илка Присаѓанка, Климент Охридски, Мечкин Камен, Маре Цилкоска, Борка Левата, Кузман Јосифоски, Наум Охридски, Октомвриска 2, Патрис Лумумба, Пере Тошев, Прилепски Бранители, Разловечко востание, Рајко Жинзифов, Стеван Апостолски, Трајко Сандански, Трајко Николоски (два контејнери во собирно место пред Стопанскиот двор на Комуналец), Февруарски поход, Цар Самоил 1, Цар Самоил 2.
Контејнери се поставени и на улиците Бидимаж (пред градинката), булевар Гоце Делчев кај новата автобуска, Војводинска – Точила (згради среден пункт), Цар Самоил (пред Економско училиште), Октомвриска (Завод за здравствена заштита – кафетери), згради Ѓогдере (среден асфалтен влез во зградите), на Димо Наредникот (пункт мост), згради под касарна, населба Ѓогдере 1 (пред урбаната заедница) и на Васко Карнгелески (пункт црвена зграда).
![]()

