Пинг-понг
Прилеп е град на пинг-понгот па сосема очекуван е успехот на талентираниот Мартин Ристески, ученикот во ООУ “Кочо Рацин”. Тој ги совлада сите свои конкуренти на Плазма спортските игри во Скопје. Последен, во финалето, го совлада познатиот Кристијан Митев од Битола. По овој триумф Мартин заслужено продолжува на меѓународно ниво, на завршницата од овој регион, на завршницата којашто ќе се одржи во Сплит, Хрватска. Тој настан е закажан за одржување од 17 до 22 август. Тогаш ќе се сретнат најдобрите пинг-понгари од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина.
Пинг-понгот е само еден од спортовите на Плазма-спортските игри, покрај мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, атлетика, народна топка, тенис и шах.
![]()

