Фудбал: Победа
Навистина чудо е Победа, оваа прилепска, клуб кој е во најголемата криза, по отпаѓањето од Втората лига кон Регионот 4. Но, и натаму постои голем интерес. Прашањата се секојдневни, околу составот на Управниот одбор, околу тренерскиот и играчкиот кадар, за датумот за почеток на подготовките… Но, нешто се шушка, засега е таинствено.”Воскреснување”?
Како и да е, Победа е феномен. Името е магија. И ден-денеска се јавуваат луѓе, не само прилепчани, дури и од странство (од САД, каде е Светското првенство) и прашуваат за новостите околу Победа. Има ли друг таков тим за кого масовно постои интерес, покрај најтешката криза? Љубов кон клуб кој 16 меча со ред губел, примил 84, а дал само 7 гола?
![]()


