Ракомет
Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп ги најави деталите околу следното 11. меморијален турнир “Миле Нешкоски” од 20 до 23 август во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Ќе учествуваат 6 екипи во 2 групи: Прилеп, Мулти есенс од Скопје и Младост од Богданци во првата, Бутел од Скопје, Тиквеш од Кавадарци и Еурофарм Пелистер 2 од Битола во втората. На првиот ден (четврток), на отворањето, ќе бидат мечевите Бутел – Тиквеш и Прилеп – Мултиесенс. Финалето е предвидено да биде во недела. Прилепската екипа учество ќе има и на турнирот во Струга.
Ракометарите ќе ги почнат тренинзи на 27 јули, под водство на тренерот Наум Танески со асистентот Методија Петлески. Нови играчи се средниот бек Стефан Лозаноски (настапуваше во Грција), левиот бек Андреј Стојановски (Пролет), пивотот Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2) и голманот Благојче Трајкоски (Бутел).
![]()


