Регион 4 е со седиште во Прилеп

Фудбал: Трета лига

Третолигашкото фудбалско ниво е поделено на 6 групи, на региони, така што претстојнава сезона една од тие групи ќе биде раководена од Прилеп, т.е. канцеларијата од ОФС Прилеп е и место на раководните луѓе за овој регион, наречен Регион 4. Тоа што Прилеп е седиште на третолигашкиот Регион 4 не е мала работа, туку само по себе значи мотивација за прилепските екипи да одат на висок пласман. Тоа од нив се очекува, особено од тие што претходно беа и на повисоко ниво – второлигашко, како Големо Коњари и Победа. Сепак, сите детали не се познати околу Регионот 4. Претстои одлука кога, на кој датум, ќе стартува првенството, колку екипи ќе бидат учесници, колку од нив ќе бидат од ОФС Прилеп итн.

Регион 4 ги опфаќа: Прилеп, Велес, Градско, Демир Капија, Долнени, Кавадарци, Кривогаштани, Крушево, Неготино, Росоман и Чашка.

Loading