Кога ракометот е во крвта
Ракомет на сол, трет пат играа прилепските легенди. Со екипата “Млади ветерани”, од 25 до 28 јуни. У чествуваа на 9. меѓународен турнир, насловен “Рукомет на зрну соли” во Тузла, Б и Х. Се собрале стотици поранешни ракометари од регионот кои се дружат, го слават спортот и го промовираат пријателството меѓу ветераните. Не само фигуративно, туку и реално, ракометот се играл на сол.
– Трета година учествувавме на овој турнир, а пред 6 години го освоивме второто место. Натпреварите се на зелен тепих како за фудбалски терен кој што наместо со песок покриен е со зрна сол. Не е како во сала, но целта е никој да не се повреди. Во овие десет години сме стекнале многу пријателства кои што значат најмногу. Оваа година бевме со комбинирана екипа со ветераните од репрезентација поради работни обврски на дел од членовите. Резултатот секогаш е во втор план. Се дружиме и ги шириме контактите насекаде по бившите југословенски републики – објаснува Горан Стојаноски, член на екипата „Млади ветерани”.





Здружението на спортисти и ракометен клуб “Млади Ветерани” формирано е во 2017 година за промоцијата на ракометот и одржување на хуманитарни и ревијални спортски настани. Учествувале на многу бројни турнири во државава, во Велес, Струга, Дојран Куманово и низ Балканот, во Нови Сад, Сарајево, Тузла, Влашиќ, Суботица, Врњачка Бања.
– Меѓународен турнир пред короната организиравме во нашиот град на терените во хотел Макам во чест на Таста – Лара. Учествуваа екипи од Србија, Грција, Косово, Хрватска и Македонија. Нашата екипа е составена од бивши ракометари од генерација 1975-1985 година. Пред нас имало генерации и генерации со дресот на поранешениот Тутунски Комбинат. Не можеме да бидеме само ветерани па затоа како последна генерација од бившиот Тутнски одлучивме за името Млади Ветерани – Вели Стојаноски.
Секоја година се учесници на тричетири турнири надвор од Македонија, одалечени над 600 км. Благодарни се на сите општествено одговорни компании и на општината Прилеп.
– Пораката за младите е да се занимаваат со спорт, оти спортот не познава граници, шири познанства. Младите енка растат спортски, оти можеби во нив се крие врвен спортист кој гордо ќе го претставува градот и државата – вели Стојаноски.
Следен настап, на средина на септември им е на турнирот во Струга во организација на ветеранската репрезентација на Македонија.
Кој е во тимот?
Горан Стојаноски, Бојан Цветкоски, Блаже Николоски, Васко Чупаркоски, Далибор Лукиќ, Рубин Лашкоски, Рубин Богоески, Роберт Талески, Дарко Вренцоски, Кире Диманоски, Менде Димчучилески, Мирко Балтиќ, Соте Арапчески, Кочо Трајкоски.
![]()


