ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (342) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Јошески Божин Котески, брат на Илија Котески поради неговиот син Петре, заминал војник со другите марулчани. Божин и неговата жена Јана, стари родители, а нивното малолетно дете Ќиро на 17 годишна возарст не е во можност да ги врши сите домашни потреби – работи. Петре бил ослободен од воената обврска си дошол дома, повеќе не се вратил да биди војник.

Новачески Димитријев Велјан штотуку си дошол од бугарската војска дома преку неполни 24 саати кој е нашол дома двегодишната му ќеркичка Севда во тешка болна состојба и тоа го мачело за да оди повторно војник. Сепак, со совет од неговиот брат позадинецо Новачески Јован дека наредниот ден со мајка е Цена Велкојца, ќе ја носат Севда на лекар во Прилеп, да така било. Наредниот ден, деверо Јован, снаата Цена Велкојца со малата Севда на лекар во Прилеп. Се вратиле од на лекар дома во Марул, со надеж за подобро за Севда.

Марул селото за таа година немало селска слава Мала Богородица, 21 септември 1944 година, време воено, нестабилно, младината заминала војска. На 23 септември 1944 година со сите напори малата Севда Велкова Новаческа почина дома, кај Димитријовци. Ниту татко е Велјан знај што се случило со малата Севда. Ниту, пак домашните знат адреса од родителот Велјан. Севда е погребана без негово присуство. Према кажувањето на постарите очевидци на Севда, на гробот, почнало да и расти некој израсток како лубениче и тотално рбетот и откажал.

Вечното почивалиште од Севда гробчето е во пределот на велјановските, димитријоските и стеваноските односно во гулабоските гробишта. Кога се чистеа гробиштата за денот Духовден и Севдината куќа беше средена, чиста.

Новаческа Велјаница Цена, мајка е на Севда имаше повеќе роднини во Марул по нејзиниот татко Трајан Мамалига од с. Мојно. Јанкоска Крстејца Дуна и е тетка на Цена, сестра на татко е Трајан Мамалига. Здравески Атанас Чонески на Трајан Мамалига му е прв брачед, тетка му Чона, сестра на татко му на Трајан Мамалига. Колеска Крстејца Митра и е тетка на Крстејца Јанкоска Дуна, сестра на татко е Ристе Мамалига. Исто така, Митра и е сестра на Чона, мајката на Здравески Атанас Чонески.

Често пати кога одев в црква и на гробишта, да му палам свеќи на упокоените, никогаш од овие горе наведени фамилии или поединци од фамилиите да го посетат вечниот дом на Новаческа Севда, да и запалат свеќа пред мои очи, не. За чистењето на гробовите за Духовден севдиниот вечен дом и беше почистен кој стои и денес и е потполно здрав, Севда е наша Гулабоска.

Откако ги распоредиле мобилизираните војници бригадни единици во с. Дуње, секоја бригада имала место и заминувала во тој правец. Втората македонско народноослободителна бригада замина за во тиквешко. За големо изненадување дошло од повисоката команда со одлука да се нападни касарната во Прилеп каде има голем број на германски војници со сите професии. Вечерта во 22 сатот на 26 април 1944 со повеќе бригади бил извршен нападот на касарната, учество зела и десеттатата  македонско народноослободителна бригада. Иако имало против таа одлука поради голем дел од мобилизираните војници за прв пат фатиле оружје в раце. Не знаат да раководат со него. Но, наредбата е таква, изврши ја од повисокото раководство, после жалај се вечерта на 26 септември во 22 часот повеќе бригади е напаѓа касарната во Прилеп. Германците сигурно нивните служби е сознале намерата на партизанските единици биле толку вооружени и будни на секој 100 метра имало поставено рафално одбранбено оружје, а во помош и оклопните единици.

Партизаните први нападнале со помешано оружје, рафално и пушки. Германците возвратиле со нивното оружје со светлосна муниција во бришан простор, земјата просто речено горела. Борбата траела кратко. Партизанските единици се повлекле.

За тој вечерен напад ќе речам некој збор за 10 тата македонско народноослободителна ударна бригада поради сите марулски војници биле во таа бригада. Ѓорѓијоски Дончо Јанкоски го фатил митралески германски рафал преку гробот, површно му се запалиле алиштата, повреден со мали изгореници. Додека војникот марулецо Новачески Димитријов Велјан е убиен. Голема трагедија за фамилијата од Велјан. Ја нема Севда, ќерка му, го нема и Велјан, лозата му се поништи.

Убиените борци партизани во местото викано Крсто. После една недела брат му Јован и жената му Цена отишле во Прилеп по неговото погребно обележје Велјан бил откопан. Жената му Цена го препознала момчето Велјан по нејзината плетка волнениот полувер кога заминува уште од дома го облекол. Велјан поново бил погребан во истиот гроб. После година дена во 1945 по навршувањето од нејзините несреќници, Севда и Велјан, Велјаница Цена се премажи во с. Путурус за Мургоски Цветан кој во нивниот брак има две деца, Драги и Павле, запишани по азбучен ред. Цветановата нова фамилија, родство го продолжија со Новачевци.

По барање на Димитрија, родитело на Велјан кога во 1947 година се жени Живко од синот на Димитрија, Јован за Мара Богоеска од с. Беровци, Цветан Мургоски му беше голем девер на венецо. Во 1948 година младожените Живко и Мара, машко дете името малиот го доби од дедото Велјан.

Со отворањето на новоизграденото основно училиште во 1948/49 година во Марул, училиштето го доби името Новачески Велјан. На прославата присутен е родителот на Велјан (Димитрија). За време на колективот, оснивањето на селската работна задруга во Марул, во 1949 година, задругата го носеше името Велјан Новачески.

Селскиот пат од кај Таневци (Крстевци) до училиштето го носеше името Велјан Новачески. Од сред селото преку Средно маало Втора бригада преку Јужно маало Трета бригада до чешмата Стојческа Танеска, улицата односно пато го носеле името Лазар Колишевски. Овие патишта беа обележани со патокази, оригинал таблички, исти модел како и во градовите. Селските работни задруги во пролетта 1953 година се расформира со времето и патоказните табли исчезна. Патокази имаше на следните места: на крстеското – блажеското преку средселото на селскиот дом до училиштето за Велјан Новачески. Од средселото со патоказна таблана старата куќа Јанкоска, на куќата од Василоски Милан Борачо, табла со името Лазар Колишевски.  

Продолжува    

Loading