Павлески поддржан од ВМ Станојоски

Шах: Светско првенство

На Светското младинско шаховско првенство во Монтесилвано, Италија, убаво државава Македонија и градов Прилеп ги претстави 17-годишниот Никола Павлески, член на ШК Алкалоид од Скопје. Со него беше нашиот најдобар прилепски шахист на сите времиња, велемајсторот 62-годишниот Звонко Станојоски, во улога на тренер, поддржувач. Плод се резултати во категоријата до 18 години. Павлески во 11 кола доживеа 5 пораза, одигра 3 реми  и постигна 3 победи. Со 4,5 поени меѓу 131 учесник е на 93. место, 4 места погоре од стартната 97. позиција.

Победник е четвртиот по ранг, ИМ Антони Атанасов од Канада, со 9 поени

Loading