Отворен центар за активно стареење

На Рид

Возрасните жители на Прилеп, Кривогаштани и од Долнени добија Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење во населбата Рид. Ќе се обезбедува грижа, поддршка, социјализација на повозрасните граѓани. Засега се евидентирани 10 корисници со исполнети услови, а може да се прифатат 48 возразни. Може да се конкурира преку Меѓуопштинскиот центарот за социјални работи.

Градоначалникот, Дејан Проданоски, истакна дека проектот е уште еден чекор за развој на современи, достапни и квалитетни социјални услуги.

– Се создаде место за повозрасните. Нема да бидат изолирани, туку активно ќе го исполнуваат секојдневието со дружење, социјализација, едукативни, културни и рекреативни активности, како и психосоцијална поддршка и грижа од стручен тим – кажа Проданоски.

Градоначалникот на Кривогаштани Игор Каравилоски изрази готовност за унапредување на социјалните услуги.

– Со поддршка на австриското министерство за социјална политика, ги стимулираме иницијативите за доброто на граѓаните. Во центарот ќе се споделуваат животни искуства на повозрасните сограѓани за активно стареење – рече Каравилоски.

– Единствениот услов е корисниците да се повеќе мобилни, бидејќи здружението предлага програма што ќе се реализира во тековниот месец –  рече Зоран Малкоски, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Иницијатор е Здружението за развој и едукација Прилеп.

Прилепскиот е еден од 10 центри од ваков тип во земјава.

Loading