Нови тротоари пред мостот Табана

Над 520 метри се реконструираат тротоарите и велосипедските патеки на дел од улицата 11 Октормври, од кружниот тек кај Солидност до мостот во изградба Табана на 2800 м2. Ќе се обновува и уличното осветлување од двете страни. Изведувач е Гранит од Скопје.

Реконструкцијата ќе чини  околу 9 милиони денари од Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светската банка.

Градоначалникот Дејан Проданоски побара од граѓаните трпеливост за време на изградбата.

– Потребно е да се повлечат паркираните возила, работите да се изведуваат безбедно. Бараме дополнителни паркинг места да се ослободат пешачките и велосипедските патеки – рече Проданоски.

Изградбата на новиот кружен тек со мост Табана е во фаза на проширување на минор коритото на реката.

– Мостот е сериозен зафат со широчина од 75 метри. Се очекува зголемен интензитет на динамиката на градбата да се искористи сезоната. За брзо време ќе се видат контурите и ќе се препознае ликот на кружниот тек на мост – рече Проданоски.

Loading