Нов претстедател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ
Христијан Тунески, актуелен член на Советот на општината Прилеп и актуелен претседател на УМС во Прилеп е новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е избран на местото на градоначлникот Дејан Проданоски, кој пак доби повисока партиска функција како член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.
Тунески изрази благодарност за дадената доверба и како млад човек најави дека ќе ги оправда очекувањата.
– ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп бил, е и ќе биде носител на најдобрите резултати. Очекувам искрена поддршка и соработка да бидеме уште посилни. Ќе го оправдаме епитетот дека Прилеп е бастионот на ВМРО – напиша Тунески на ФБ.
![]()


