Мирен преоден рок

Фудбал

Веќе 18 дена е летниот преоден рок за фудбалерите во земјава, а од канцеларијата на ОФС Прилеп имаат малку информации околу трансферите, промените на клубовите на играчите. Единствената новост од 15 јуни досега е поврзана со младите играчи од фудбалската школа Вондеркидс. Осуммина ја напуштиле школата по добиените понуди за други школи или клубови, во други градови. Понудите не се изненадување, затоа што познато е дека екипата од Вондеркидс го освои првото место во ФФМ Пелагониската лига за фудбалерчиња родени во годините 2011 и 2012. Тие имаа само 1 нерешен резултат и 15 победи.

Летниот преоден рок ќе трае до 6 септември.

Loading