Бесплатни канти за селекција

Од 1. јули, Комуналец склучува договори со граѓаните за бесплатно користење на канти за отпад во зелена и жолта боја, исклучиво за домаќинствата кои досега не се вклучени во селекцијата на отпад, односно немаат земено на користење жолта канта. Договорите се склучуваат во дирекцијата на Комуналец, на ул,, Питу Гули’’ бр 2А, зад старата општинска зграда.

Граѓаните треба да понесат лична карта од  корисникот на услугата на Комуналец и комуналната сметка за собирање, транспортирање и депонирање на отпад. Право на користење на бесплатни канти имаат жителите од градот, но и од населените места каде ЈП собира и транспортир отпад, и кои ги подмириле сметките. 

Канти има доволно за сите семејства невклучени во селекцијата. Склучувањето на договори ќе трае неколку месеци.

Од проектот за регионално управување со цврстиот отпад, од Министерството за животна средина и просторно планирање Комуналец доби и ќе распредели 8318 канти во зелена и жолта боја, односно ќе вклучи во селекцијата на отпад  4159 домаќинства.

Loading