Се препорачува редовно консумирање на риби, оти не се доволно чести на трпезите, а се мошне здрава со исклучителна хранлива вредност. Добри се за сите возрасти, за здрави и за болни.
Рибното месо е нискокалорично во споредба со другото. Белата риба има 70-80 калории на 100 гр, а сината 120 – 200 калории на 100 гр. Идеална е за борба со вишокот на килограми. Калориската вредност зависи од подготовката. Ако е пржена или печена, мастите и калориите значително се зголемуваат. Ако е варена или печена, има понизок внес на калории.
Рибните протеини содржат есенцијални амино киселини, потребни за растот, развојот и правилното функционирање на организмот. Типот на масна киселина, со која е богата сината риба, го штити срцето и артериите. Содржи полинезаситени масни киселини како омега 6 и омега 3 масни киселини. Омега 3 ги спречуваат и ги лекуваат кардиоваскуларните болести. Овие болести се последица на атеросклероза, што е акумулација на масни наслаги на ѕидовите на крвните садови и губење на еластичноста. Храната од риби предизвикува зголемување на ,,добриот холестерол,, (ХДЛ) и намалување на ,,лошиот холестерол,, (ЛДЛ) и триглицеридите.
Разните хранливи материи во рибата спречувааат болести на зглобовите, коските и на тироидната жлезда.
Малата риба која се јаде со коски (сардина, анчоа) е добар извор на калциум. Обезбедува здравје на коските. Недостатокот води кон остеопороза. Морските риби и морските плодови се одличен извор на јод, нужен за правилно функционирање на тироидната жлезда. Најдобар извор на јод е морската храна, лосос, туна, сардини и школки.
Рибата содржи хранливи материи кои одат во процесот на раст и развој, како што се протеини, омега 3 масни киселини, калциум, железо, цинк, јод, витамини Б, А, Д и Е. Рибата лесно се вари, поради структурата на мускулните влакна и ниската содржина на колаген. Таа е идеална храна за пациенти со гастритис, улцеративен колитис, диспепсија или гастроезофагијален рефлукс.
Внесување на риба еднаш неделно помага за зачувување на сивата маса на мозокот, која е одговорна за меморијата и вродените функции, а со тоа го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест.
![]()


