20 партии на Велески во Хрватска

Шах

Нашиот фидемајстор Роберт Велески 8 дена учествуваше на Деветтиот меѓународен шаховски турнир Шолта во Грохоте, Хрватска. Одигра дури 20 партии. На првиот дел, “Опен”, одигра 9 партии, освојувајќи го 18. место меѓу 75 шахисти. Собра 5,5 поена преку 3 пораза, 1 реми  и 5 победи.

Другите 11 партии ги одигра во рамките на турнирскиот дел под името “Блиц”. Таму го освои 16. место меѓу 52 учесници. Собра 6 поени преку 3 пораза, 4 реми и 4 победи.

Организатор на турнирот беше ШК “Брда” од Сплит.

Loading