СПОМЕНИ ОД МИНАТИОТ ВЕК

Камерното дуо Михаил Јагуриноски и Искра Атанасова Митуш, в понеделни, 29 јуни, во 20 часот во ЦК “Марко Цепенков”, ќе одржат концерт насловен “Спомени од минатото”.

На програмата се дела од Рахмањинов и Гершвин. Михаил Јагуриноски од Прилеп и Искра Атанасова Митуш од Охрид, соработуваат како камерно дуо од 2025 година. Меѓу нивните позначајни настапи се издвојува камерниот концерт во Ниш, Србија. Како камерно дуо се во класата на проф. Д-р Нина Костова на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Loading