Фудбал
Нов успех на наш спортист што е потврда за квалитетот и во странство. Во Германија наши четворица фудбалери со екипата освоија пехар за Купот. Станува збор за Ѓоко Аџиоски, Мартин Ефтинџиоски, Виктор Илијоски и Димитар Китаноски, по потекло од Обршани, Прилепско, што значи дека имаат настапувано и за Партизан Обршани и за други домашни екипи. Во Германија настапуваат за екипата Сантерслебен од Саксонија Анхалт, учесник во лигата Ландескласа 2. Во Купот досега им успеа да победат 5 тима, освојувајќи го пехарот регионот. Во исчекување се на ждрепаката, па ќе се знае која екипа ќе биде следниот ривал.
![]()

