Знаци на тромб

Крвните згрутчувања, познати како тромби, се природен одбранбен механизам на организмот. Тие го запираат крварењето при повреда. Помагаат во заздравувањето на ткивата. Но, кога тромб ќе се формира без причина или нема да се разгради, тоа е сериозна закана за здравјето. Навременото препознавање е од исклучителна важност, бидејќи тромбот  може да го попречи или целосно да го блокира протокот на крв низ крвните садови. Дури и да доведе до итна медицинска интервенција. Телото праќа сигнали пред да се појават сериозни компликации. Препознавањето може да биде клучно за навремено лекување.

Отокот на ногата е меѓу најчестите предупредувачки знаци. Укажува на длабока венска тромбоза на потколеницата или на едната нога. Често е придружен со болка, чувство на тежина или непријатност при одење. Особено внимание треба да се обрне ако се појави само на една нога и е проследен со чувство на затегнатост или топлина во зафатеното подрачје.

Промени на кожата што не треба да се игнорираат. Зафатениот дел од телото може да стане црвенкаст, синкав или потемен од вообичаено. Кожата може да биде потопла на допир во споредба со околните делови од телото. Овие симптоми не секогаш значат дека станува збор за тромб, но се доволна причина за консултација со лекар.

Најголем ризик постои кога дел од тромбот ќе се одвои и преку крвотокот ќе стигне до белите дробови. Ова е белодробна емболија. Симптоми се ненадејно отежнато дишење, болка во градите, забрзана работа на срцето, вртоглавица, необјаснето потење и кашлица која понекогаш може да биде проследена со траги од крв.

Затоа е потребна итна медицинска проценка. Доколку тромбот го попречи протокот на крвта во артериите што го снабдуваат срцето, може да дојде до срцев удар. Ако, се блокира крвотокот кон мозокот, може да настане мозочен удар. Знаци на мозочен удар се ненадејна слабост на едната страна од телото, отежнат говор, конфузија, нарушена рамнотежа и силна и необична главоболка.

Брзата реакција во овие случаи значително ги подобрува шансите за закрепнување.

Ризикот од тромб може да биде зголемен кај лица кои подолго време мируваат по операција или болест, минуваат многу часови седејќи, со прекумерна тежина, живеат со дијабетес, имаат покачени масти во крвта и се постари од 60 години;

Тромб може да се јави и без ниту еден од овие фактори на ризик. Опасноста паѓа со прибегнување кон здрави животни навики. Се препорачува редовна физичка активност, одржување здрава телесна тежина, доволна хидратација, избегнување предолго седење без пауза, станување и движење за време на долги патувања.

Навременото препознавање на знаците и превентивните навики се најдобрата заштита за здравјето на крвните садови и циркулацијата.

Loading