Три камиони за смет, се чекаат уште шест

Од Министертвото за животна средина за Коминалец

Прилеп доби 8.318 нови канти за селекција на отпад, 126 нови контејнери и 3, од 9 специјализирани возила за собирање отпад преку Министерството за животна средина. За домаќинствата се обезбедени 120 литарски бесплатни канти за примарна селекција на отпадот.’За потребите на граѓаните, на Комуналец му се ставени на расолагање уште 126 нови контејнери од 1,1 м3 за замена на дотраените и оштетени садови за отпад.

– Општината за Комуналец добива и камиони за отпад. Стигнати се три од очекувани 9. Дистрибуирани се по 4.159 зелени и жолти канти и 63 зелени и 63 жолти контејнери. Планирани се 48 полуподземни контејнери за околу 300 илјади евра, обезбедени од Министерство за животна средина. Инаку, Министерството е главен финансиер на фабриката за отпад со учество од 1,5 милиони евра. Се очекува за кусо време биде активирана  фабриката за обработка на смет – изјави Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина.

Таа најави дека за в година е распишан тендерот за градба на  регионална депонија со една претоварна станица во Прилеп.  Паралелно ќе биди и изграден нов локален пат за општините што гравитираат околу депонијата.

Градоначалникот Дејан Проданоски нагласи дека се работи нов документ за комунален ред за зголемување на бројот на комунални редари.

– Стигнатите специјални возила се регистрирани и може да се користат. Со очекуваните уште шест, значително ќе се порасне ефикасноста на Комуналец. Очекувам зголемена свест кај граѓаните за креирањето на општата слика за градот. Летово ги јакнеме капацитетите на инспекторатот за почист град – рече Проданоски.

Според него, Прилеп е прва општина на Балканот со фабрика за секундарна селекција на отпадот.

– Во фабриката се прават последните чекори за обезбедување електрична енергија и тест на  опремата. Преговараме, до 2028 година, да се вклучиме во една мрежа за добивање на европски пари од програмата Зелен лист – најави Продансоки.

Прилеп со години е водечка општина во селекцијата на отпадот и заштитата на животната средина.

Loading