ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (341) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Велјаноски Ристев Ѓорѓија е роден 1920 година од татко Ристе и мајка Трајана. Ѓорѓија расти покрај своето братче Ванѓел, Благоја, Роса и покрај своите врсничиња во игри како Јанкоски Дончо, Јованоски Ванѓел, Јошески Петре, Петрески Кристо, Стојаноски Ѓорѓија и др. Голема природна дарба имал, изврстен гајдаџија.

Во 1940 година е мобилизиран војник во кралска Југославија. Со капитулацијата на таа тогашна југословенска војска, Ѓорѓија си оди дома. Во месец септември, Ѓорѓија е мобилизиран во бугарската армија. На 13 мај 1944 година е на ноќна стража помеѓу царската бугарска и српската недиќева граница во близина на селото Лабураќе, околија Бабушница, Стрез Пирот. Во таа кобна ноќ нападнала српска партизанска група на стражарницата и се повлекле. Имало или немало жртви при нападот не се знаело. Во летото 1990 година со татко ми Ванѓел и стрико ми Благоја тргнавме за воениот архив во Софија за нешто повеќе да дознаеме за нашиот страдалник Ѓорѓија Велјаноски.

Кај Струмица влеговме во Бугарија, на нивната граница добивме еден картон пролазен кога излегува лицето го остава картонот на граница. Само што повозиме не многу километри низ Бугарија, н# стопира полицаецот и рече да било возено брзо и запиша казна на картонот од пет лева, го прашав како така трвдиш да сум возел пребрзо без техничка опрема, тој одговори да гледа и преку ридови. Ако се буниш, казната можам да ја повишам. До Софија уште два пати застанувани од полицијата за контрола на картоно.

Отидовме во Софија, во воениот архив, таму ништо не открија податоци за лицето, покојниот Велјаноски Ѓорѓија, но н# упатија до државниот воен архив во Велико Трново.

Со наша предомисла се одлучиме да не одиме во Велико Трново, да не биди џабе губење на време, ќе наминиме барем да знаеме каде е загинат нашиот брат и стрико. Излеговме од Софија, го фативме патот за на југословенската граница, за градот Пирот. Кога стигнавме на границата, нормално треба картонот за излез да го предадеме. Јас картонот фатив да го извадам од под седишта каде падна, му го дадов на граничарот и тој ми вели, ти сакаше да го кријаш, му го подадов, а тој со пенкалото пред петката напиша единица, 15 лева да платам. Но, татко ми Ванѓел зовре, излезе од колата и на чист бугарски јазик им викна, Тодор Живков да дојди овде, да се разбериме. Јас сум поштен човек, кога ви ја градев државата со физичка работа, вие не бевте ни во ќесата на родителите. Ние нема одовде да мрдниме, бараме правда, рече Ванѓел. Работата се заостри. Соседниот службеник стана од своето работно место, го зеде картонот и цифрата од 15 лева ја пречкрта и н# пуштија да си одиме со изговор, тие се наши браќа. Корупцијата се виде на лице место.

Влеговме во Југославија, со патоказите го најдовме селото Љубораќе. Го најдовме и селскиот одборник. Се претставивнме кои сме и зошто сме дојдени. Верувајте, за половина саат сето население додје мислејќи да е некој од селото убиен. Покрај обичните граѓани од селото, дојдоја и од групата преживеани напаѓачи. Ни покажаа, овде беше стражарницата помеѓу Царска Бугарија и Недиќева Србија.

Ние добиме наредба и во ноќта нападнаме, се повлекоме и не знаеме дали имало жртви. Луѓето постапија љубезно, н# пречека домаќински, седеме и разговараме смирено, донесоја и мезе за честење. Немаше замерка, пријателски си заминаме за дома во Македонија. Со брачедите Србите многу лесно се разбраме него со браќата Бугари, смешно.

Јас кога се вратив од Македонија од одморот овде во Гетеборг, Шведска направив копии две од оригиналите од воената книшка и од посмртната депеша и му ги пратив до бугарската амбасада во Стокхолм. После три месеци добиме нивни одговор да нашите копии не се валидни, им требало оригинални документи да ги разгледале. Јас се присетив на нивната култура – корупција во летото кога бевме таму. Размислив убаво, да тие ги бара оригинал за две работи, или ќе ги поништат да нема документарно сведоштво или пак ќе ги задржат, ќе најават да се изгубени преку поштата. Ние ништо не бараме, да ги најдеме моштите на Велјаноски Ѓорѓија, но ја изгубивме вербата во нив засекогаш.

На 18 септември 1944 марулските регистрирани војници после пладнина тргнале комплетно, приквечерината стигнале во с. Бонче и се распоредиле за преноќевање. Марулецот Стојаноски Илииев Ѓорѓија имал девојка Пеоска Ристева Анѓа и си дале збор за да се земат, речено – сторено. За со свадба. Меѓутоа утрото пред заминувањето на марулските во составот, заедно со бонечките, го советувале Ѓорѓија да се приклучи со останатите војници за одење во Дуње иначе со отказ можи да биди полошо за него. Ѓорѓија ги послушал другарите, свршеницата Анѓа ја оставил кај нејзините родители Пејовци и со другарите заминал за Дуње.

Кога пристигнале во Дуње таму ја нашле Втората македонска народноослободителна бригаде. Во Дуње ги пречекал некој си мариовец Ристе Ѕунов, облечен целосно во мариовска носија. Тој Ристе со погледот имињата од сите присутни војничиња му биле пресликани во неговиот мозок. Сите ги викал по именто ии м давал распоред, паметен психолог. Марулчани биле регрутовани во Десетата македонска наородноослободителна бригаде, командант на бригадата бил Попоски методија, по мајка прилепчанец. Војникот од Марул, Мојсоски Крстев Ќире Колески бил распореден во Третата македонско народноослободителна бригада.

Од уво до уво, сватовите Котески Илија и Пеоски Ристе направиле средба и молба до команданто на воената единица каде служел Ѓорѓија за да можат младоженците Ѓорѓија и Анѓа за да се венчат, Ѓорѓија за кратко да биди ослободен. Одговорот бил следниот: Ѓорѓија можи да биди ослободен ако има од неговото семејство друго полнолетно лице како замена, акоо е со наврќена 18 годишна возраст.

Во тој случај, брат му Тоде има 21 годишна возрасткој оди војник во замена за својот брат Ѓорѓија. Ѓорѓија си дошол, направиле свадба и венчавка, повеќе не отишол македонски војник. Према тогашните воени закони, едно полнолетно лице требало да има со родителите.       

Продолжува     

Loading