Редовното консумирање на пченка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Варената пченка не само што е вкусна, туку е и исклучително здрава. Плус е нискокалорична.
Се препорачува како дел од секое мени. Големата содржина на растителни влакна ја прави одличен диуретик. Го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот. Помага при заболување на желудникот. Ги ублажува симптомите на гастритис и чир. Богатството од витамините Б-комплекс го има ефектот за намалување на хомоцистини во крвта кои ги оштетуваат крвните садови. Редовното консумирање го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Ја подобрува концентрацијата и го јакне нервниот систем.
Повеќето намирници со термичка обработка ги губат дел од здравите состојки со варење или печење, а кај пченката речиси се уништува само витаминот Ц. Се ослободуваат молекули со антиоксидативно дејство и се зголемува моќта.
![]()


