Тутунарите донираа мобилно ехо во болницата

На иницијатива на пензионираниот доктор Златко Савоски, Сојузот на тутунарите, Мака на тутуноберачите и подари на болницата мобилен ултразвучен апарат за интерното одделение, односно за Центарот за дијабет.

– Апаратот ќе се користи во сите одделенија. Потешките пациенти потешко се транспортираат до апаратите, а овој ќе овозможи покрај самиот кревет да се направи брза дијагностика и понатамошен соодветен третман. Ќе се користи за тироидната жлезда, доплер на крвни садови, како и за абдомен. Пациентите со дијабетес често имаат компликации. Ним ќе им овозможи рана детекција на компликациите – вели д-р Катерина Чешлароска Маркушоска:

Сојузот на тутунарите Мака на тутуноберачите не донираат првпат. Им се помагало на тутунарски семејства кои имале потреба од финансиска помош и поткрепа при опожарено производство, за обнова на дом од пожар или за лекување на член од семејството.

– Тутунопроизводителите треба да бидат горди што дел од членарината отиде во болницата. Оваа донација нема да биде ни последна – вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунарите “Мака на тутуноберачите”.

– Благодарни сме на сите донатори. Набавуваме опрема и со сопствени средства – кажа д-р Кире Јоноски, ортопед, трауматолог, директор на болницата во Прилеп.

Loading