ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (340) – 3 ДЕЛ

Остатокот од товарот, колку за едно магаре, за наредникот Колески Крсте во согласност со синот Ќире и внукот Веле кој имале повеќе товари добичиња, магариња дале едно магаре курбан. Го товариле и го испратиле четиринаесет годишното момче Јованоски Душан Курелоски да го отера товареното магаре кај Блаже Лука во Бонче, тетино Душан, зет за сестра на татко му Јован. Душан често пати спомнуваше во разговоро, го оставил магарето кај Луковци, тргнал за да си иди за Марул. Често врвеле авиони, а тој се засолнувал зад камење или пак залегнувал во жбуновите од дрвата, така со страв си дошол дома во Марул.

Двата мобилизирани лица водачите на бригадата преку воената акција, мосто на Тополчани, Шелеверци, Алинци нападот таму на германската воена копнена единица и враќањето назад на бригадата безповредени, убиени борци назад во базата односно Велјаноски Ристев Благоја и Ристески Велјанов Димко Танески направија меѓусебен договор за нивна средба после еден ден од заминувањето на бригадата Марул – Бонче – Дуње, во местото викано Големиот камен Белутрак во попладневното време.

На средбата со Благоја во Големите Расје, не дошол Танески Димко поради имал смртен случај во куќата, но неговата жена Паламидовска Билјана во с. Алинци, битолско. Дошол неговиот прв брачед од стрике Ристески Стојанов Блаже Танески. Благоја и Блаже со еден мал престој на каменот отишле вечерта во Бонче кај Тантушовци, блажеви шуреви браќа на жената му Трајана. Кај нив преспале и утрото заедно со повеќе бончани отишле во с. Дуње.

На 18 септември 1944 година Одборот за позадина во Марул свика еден состанок, собир пред дворот на Трлото Павлеско Јоноско со повик до сите дојдени марулски војници од бугарската армија. И за испраќање војници во македонските воени единици. На овој собир,трлото Павлеско без разлика на полови, женски – машки било присуство на голем број од месното население. Најмилите ќе одат од оган во оган. Страшна работа. Војници за поход:

1. Атанасоски Мицев Дончо Танески 1923, жена Мајстороска Калина, с. Бонче, деца  нема, дотогаш Дончо бил бугарски војник.

2. Василоски Јованов Алексо, 1923г. неоженет, не бил бугарски војник.

3. Велјаноски Ристев Благоја 1923 неженет, водач на Втората МНОУБ при нападот кај Тополчани, Алинци замина во македонската војска.

4. Дамјаноски Дамјанов Никола 1917, жена Маркоска Панда, с. М.Рувци, деца нема, бил бугарски војник.

5. Ѓорѓијоски Ристев Дончо (Јанкоски), жена Дурлеска Зора, с. Волкосело, деца Стева, не бил бугарски војник.

6. Јованоски Илијев Цветан (Крушка) 1923, жена Пажеска Василка с. М. Рувци, деца Арсо е во македонската дивизија Гоце Делчев (Курела).

7. Јованоски Јованов Алексо 1921 (Курела), жена Дамческа Велика, с. Бонче, деца нема, бил во  македонската дивизија Гоце Делчев.

8. Јованоски Јованов Кристо (Курела) 1923 неженет, не бил бугарски војник.

9. Јованоски Тодоров Лазар 1919 (Бубуз Курела), жена Пупеска Пауна с. Добрушево, деца нема, бил бугарски војник.

10.Јошески Боинов Петре Котески 1920, неоженет, не бил бугарски војник.

11. Митрески Ристев Мите Мурџески 1921 неоженет, бил бугарски војник.

12. Мојсоски Крстев Ќире (Колески) 1910, жена Симоновска Велика с. Ношпал, деца Благоја, Дуна, не бил бугарски војник.

13. Новачески Димитријов Велјан 1923, жена Ристеска Цена (Мамалигоска) с. Мојно, деца Севда, бил бугарски војник.

14. Павлески Трајанов Игне (Јоноски) 1921, жена Маркоска Грозда, с. Чумово, деца Верка, Павле, бил бугарски војник.

15. Петрески Цветанов Ванчо Мурџески 1923, неженет, бил бугарски војник.

16. Ристески Стојанов Блаже (Танески) 1911, жена Тантушоска Трајана, с. Бонче, деца Богоја, Стева, Коца, Грозда, замина за македонски војник.

17. Ризоски Колев Борис (Бошески) 1919, жена Митреска Ристана с. Подмол, деца нема, бил бугарски војник.

18. Ристески Велјанов Димко (Танески) 1913, жена Паламидоска Бојана с. Алинци, битолско, деца Спасија. Водач на Втората МНОУБ од Марул при нападо на мосто во Тополчани, не бил бугарски војник.

19. Ристески Велјанов Ордан (Танески) 1908, жена Куликова или ЏинкоскаТрајана, деца Васка, Милица, не бил бугарски војник, бил во замена на братот Димко останат дома по смртни случај во с. Алинци.

20. Стојаноски Илијев Ѓорѓија (Котески) 1920, неоженет, не бил бугарски војник.

Дополнително:

1. Јованоски Ангелев Димитрија (Курела) 1912 женет за Мојсоска Илинка с. Марул, деца Верка. Димитрија бил трудовак, градба на патови во Бугарија.

2. Јовчески Ристев Ванѓел (Велјаноски) 1912 жена Бошеска Неда Писокалка од с. Чумобо, деца Трајко, Петра, Донка, Ванѓел бил заедно со Димитрија трудовраци, градба и поправка на патови низ Бугарија.

Продолжува

Loading