Една колешка од болницата се доближи и ја праша на ромски:
– Кој ти е овој?!
– Нашинец е, добар човек, имам моуабет со него, оди си, ќе ти раскажам после.
Колешката го заврти грбот и се оддалечи. Таа, како и Фатима, не знаеше дека понешто разбирам “ѓупски”, оти како дете кај моите родители во Македонија, идеа “Ѓупки” да í помагаат на мајка ми. Така поднаучив нешто од “еѓупскиот јазик” што нема, колку јас што знам, сличности со египетскиот јазик, ама има доста зборови слични или исти со индиските говори, бидејќи “Еѓупците” не дошле во Европа од Египет, туку во 13 век од Индија.
– Фатимо, имам проживеано понешто во животот. Сум имал интимни пријателки Ромки. Кај ниту една не сретнав проблем, како твојов. Беа слободни, ми оставија убави спомени. Мислам дека и јас им останав пријатни сеќавања. Ако е за религија, ако не се лажам кај Ромите има христијани, муслимани, а и без вера, “ништоверци”, како што вели кај нас народот. Дали твојата религијао ти пречи во твојава дилема?
Фатима, која изучила училиште во Македонија, точно разбра што значи зборот дилема. Се насмеа:
– Мене не, ама на татко ми, да. Татко ми е Циганин, муслиман. Таквите се многу фанатични за женската чест. Кога би имала интимни односи со овдешното момче, немажена и без согласноста од татко ми, ќе ми тргне нож без око да му трепне.
– А ти би сакала, имаш таква желба?
– Да
Се замислив. Прашањето беше за голема одговорност. Претставува давање на совет.
– Фатима, ти благодарам на укажаната доверба. Ми бараш одговор на тешко прашање. Не е лесно. Човек мора самиот да реши. Најдобро е да не брзаш. Кажи му отворено на момчето каква за односот со родителите, за воспитувањето. Нека те земе за жена, па ќе ги има сите права на сопруг и на маж. Ако не сака, а сепак сака да продолжи да води љубов како досега, тогаш ќе ти докаже дека искрено те сака. Како и да е, помоли го да се стрпи уште некое време да размислите и тој, и ти.
На разделување, пријателски се бакнавме на образите со Фатима и си рековме догледање.
Се спријателивме со момето и повремено се гледавме. Повеќе не зборувавме за нејзиниот проблем. Дознав, со други Македонки и Македонци, дека се отворил нов грчки ресторан. И отидов да каснем балкански специјалитети. И да се повеселиме малку, бидејќи во ресторанот имаше оркестар. Бевме десетина души мажи и жени. Испивме по неколку жестоки пијалоци, ракија и мастика, узо на грчки. Ги замолив музикантите да ни свират македонски мелодии. Ддвајца рекоа дека знаат македонски песни и ора. Можеби беа од егејскиот дел на Македонија. Не смееа тоа да го кажат. Почнавме да се веселиме. Другите гости и персоналот ги ококорија очите од чудо. Фатима, исклучително блескава и убаво облечена, се качи на големата маса и почна да танцува меѓу пијатите, приборот за јадење, чашите и шишињата. Првпат ја гледав весела и се чудев на нејзиното вешто и убаво танцување. Еден од нашите им рече на “публиката”: Гледате како знаат да се веселат Македонците!
Легнав ноќта доцна и телефонот заѕвони. Тргнат брутално од сонот, си реков дека пак ме викаат од работата заради нешто непредвидено. Од другиот крај на жицата се јави гласот од Фатима:
– Дојди, умирам!
– Што има, што ти станува?
Уште понејасно повтори:
– Дојди, умирам!, и престана да зборува оставајќи ја врската неисклучена.
Врз пижамата фрлив еден мантил, по рефлекс го пикнав службениот полициски пиштол во еден од џебовите, на боси нозе ги обув чевлите, слегов со лифтот до подземната гаража, скокнав во автомобилот и за неколку минути стигнав до станот од Фатима. Со два удари на рамото ја скршив вратата од нејзиниот стан, влегов и ја најдов падната на душемено, со телефонската слушалка до неа. И ја кренавглавата, ме позна и со тешкотија ми рече:
– Вечерва се простив со животот. Момчето ме напушти, оти не сакав да му легнам…
(продолжува)
![]()


