(ВИДЕО): МОЗАИКОТ НЕ Е САМО ТЕХНИКА, ТУКУ И НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ

Во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” во тек е Работилницата за мозаик, што Центарот за култура ја реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Петнаесет ученици три дена се дружат, творат и учат за мозаикот како ликовна дисциплина.

Секое мало парче носи свое значење

Мозаикот е уметност од мали делови, но со големи приказни, посочи на стартот на работилницата м-р Александра Димитрова, предавач, која на почетокот ја објасни техниката за создавање на мозаик, како една од најстарите и највпечатливи ликовни техники, уметност во која секое мало парче носи свое значење и придонесува кон создавање на единствена целина.

– Преку оваа работилница учесниците имаат можност да се запознаат со основите на мозаичната уметност, процесот на осмислување на композиција, изборот и обработката на материјалите, како и практичната изработка на сопствени мозаични дела. Мојата цел како ментор е да ги поттикнам креативноста, трпеливоста и индивидуалниот уметнички израз кај секој учесник, овозможувајќи простор за истражување, учење и создавање. Верувам дека мозаикот не е само техника, туку и начин на размислување – процес во кој од многу различни елементи се создава хармонија и убавина” – рече Димитрова.

Координатор на проектот е Марјан Стојаноски.

Loading