ПИВО ФЕСТИВАЛ 2026 – ПРИЛЕП

Од 17 до 19 јули, Прилеп повторно ќе биде домаќин на една од најголемите и најпознатите културно – забавни манифестации во Македонија, 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал.

Официјална програма на Пиво Фестивалот 2026

Со поддршка на Општина Прилеп, во организација на здружението „Вајб Евентс“, и оваа година ќе има три незаборавни фестивалски вечери во Прилеп, исполнети со врвна музичка програма, вкусна прилепска скара, богата понуда на пиво и одлична атмосфера во срцето на градот.

– Заедно со нашите јавните претпријатија и сите надлежни служби и институции, максимално се подготвуваме Прилеп да биде одличен домаќин на илјадниците гости од цела Македонија и пошироко – рече градоначалникот Дејан Проданоски на прес-конференцијата.

Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека Прилеп ќе биде добар домаќин

Водителот на манифестацијата, Илија Волчески ја претставуви официјалната програма на Пиво Фестивал Прилеп 2026.

– Трите фестивалски вечери ќе има врвни музички имиња, одлична атмосфера и незаборавни моменти во срцето на Прилеп. Во петокот, 17 јули, ѕвезда на вечерта е Џенан Лончаревиќ, во саботата, 18 јули – Милица Павловиќ и во неделата, 19 јули е Јелена Розга. Покрај главните ѕвезди, ќе има богата програма со домашни изведувачи, бендови и DJ настапи на главната и Камената бина – рече Илија Волчески, водител.

Илија Волчески ќе биде водител на популарната манифестација

Посетителите ги очекува неколку видови ладно пиво, одлична храна, музика за сите вкусови до доцна во ноќта и атмосфера каква што само Прилеп, знае да направи.

Loading