Училиште кои Ви нуди сигурна перспектива и успешна иднина

СОУ „Орде Чопела” – Прилеп

Драги деветтоодделенци, идни наши ученици! Ви го претставуваме нашето училиште.

СОУ „Орде Чопела” – Прилеп, училиште каде теоријата и праксата се во совршен спој.

– Училиште број еден во реализирани Еразмус проекти.

– Нашите професии се со иднина, знаење и вредност.

– Училиште каде освоените први места на натпреварите се секојдневие.

– „Чопела свет” – гласот на младите во медиумите.

– Не следи туѓи патеки. Избери ја својата. Запиши се таму каде што знаењето има вистинска вредност.

– Избери го Чопела – избери кариера!

Техничарот за фитомедицина ја зачувува здравата животна средина, ги детектира болестите кај растенијата и врши примена на органски пестициди.

Да се грижиш за здравјето на животните кои постојано не опкружуваат е една од најблагородните работи во светот. Тоа го нуди Техничарот по ветеринарна медицина. Клинички ги прегледува животните, дава соодветна терапијаи се грижи за зачувување на нивната благосостојбата.

Агротехничар е профил кој претставува комбинација од теоретски знаења и практична настава и ги подготвува учениците за предизвиците на денешното и идно земјоделство.

С# она што е изградено или треба да се изгради, потребно е претходно да биде геодетски подготвено. Тоа го прави Геодетскиот техничар со помош на современи геодетски инструменти и обработка на податоци со софтвери.

Архитектонски техничар е профил наменет за ученици кои се креативни, сакаат да цртаат, проектираат и создаваат стекнувајќи знаења и вештини за архитектонското цртање и проектирање.

Прехранбен техничар е образовен профил насочен кон подготовка на стручни кадри за работа во прехранбениот сектор во областа на испитување на квалитетот на суровините и готовите производи, како и анализа на примероци од индустриски произведената храна.

Профилот Хемиски лабораториски техничар им овозможува на учениците да стекнат знаења и практични вештини за работа во хемиски лаборатории од различни области, извршува хемиски анализи, ракува со лабораториска опрема и применува безбедносни мерки при работа во лабораторијата.

Техничар по очна оптика е стручно лице кое помага при изборот, изработката, приспособувањето и поправката на очилата. Оваа е многу интересна и современа професија бидејќи ги спојува медицината, естетиката, технологијата и работата со луѓе.

Медицински – лабораториски санитарен техничар е професија која е одговорна, прецизна и внимателна. Тие се тивките херои во бели мантили кои стојат цврсто зад секоја дијагноза и претставуваат столб за соодветни анализи и резултати.

Министерството за образование и наука за профилите кои се застапени во нашето училиште им доделува стипендии на учениците од 3500 денари  во текот на учебната година.

Loading